Во Ерменија референдум за уставна реформа
Во Ерменија почна гласањето на референдумот за уставна реформи, која предвидува преминување на земјата од претседателска кон парламентарна форма на управување, јави ТАСС.
Во 08.00 часот по локално време, на територијата на земјата беа отворени 1997 избирачки места.
Гласачите добиваат ливче со единствениот прашање: „Дали се согласувате со предлогот за измена на Уставот на Република Ерменија?", на кое треба да заокружат одговор „да" или „не".
Законодавството не предвидува минимален праг на учество за што референдумот да се смета за валиден, но за да биде усвоен, позитивно треба да одговорат најмалку 25 проценти од граѓаните со право на глас.
„Предлогот, ставен на гласање на референдум, се смета за прифатен ако за него гласале повеќе од половина од оние кои излегле на гласање, но не помалку од една четвртина од граѓаните вклучени во избирачките списоци", предвидува ерменското законодавство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна