Балкан
28. July 2017 - 11:07

Во Егејското Море спасени над 177 мигранти

Во последните 24 часа во источниот дел на Егејското Море, грчките власти спасиле повеќе од 177 мигранти и бегалци.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, грчката Крајбрежна стража соопшти дека мигрантите се спасени во три инциденти што се случиле меѓу островите Самос и Лезбос.

Во спасувачките операции нема повредени мигранти и бегалци.

Според податоците на грчките власти, во Грција во моментов има повеќе од 62.000 бегалци и мигранти.