-->
-->
Во Драч запленети 45,5 кг кокаин во контејнер со пилешко месо нарачка на трговец од Северна Македонија
-->
Албанската полиција синоќа, во пристанишниот град Драч запленила 45,5 килограми кокаин, чија крајна дестинација била Северна Македонија.-Дрогата, пакувана во 40 пакетчиња, беше откриена, при детална контрола во контејнер натоварен во Бразил, со пилешко месо, на сметка на трговски субјект од Северна Македонија, стои во полициското соопштение.
Како што може да се види од фотографиите кои ги објави полицијата пакетчињата со кокаинот се завиткани со фотографии од анимираниот филм „Драгон бол”.
Надлежните почнаа со истражни дејствија со цел документирање на случајот, идентификација и откривање на лицата вмешани во ова кривично дело.
Кон крајот на минатиот месец, исто така во Драч полицијата заплени 59 килограми кокаин во бродот “Unistream” од Колумбија натоварен со јаглен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
