Македонија
11. October 2019 - 14:32

Во Демир Хисар одбележан Денот на народното востание 11 Октомври

Општина Демир Хисар со пригодна празнична програма го одбележа Денот на народното востание – 11 Октомври.

Сеќавања за историскиот ден приредија локалната самоуправа и претставници на ОО на Сојуз на борци од Демир Хисар, а цвеќе пред споменичните обележја во градот положија градоначалникот Марјанче Стојановски, членови на Советот на Општина Демир Хисар и преставници од општинскиот одбор на Сојузот на борците од Демир Хисар.

-Денот на народното востание, борбата против фашизмот и херојската народноослободителна борба на македонскиот народ имаат историско значење во зачувување на државниот суверенитет и националната самобитност, и затоа секогаш ќе го одбележуваме 11 Октомври, порачаа учесниците на празничната манифестација во Демир Хисар.