Македонија
27. May 2019 - 12:33

Во Дебар за две недели нови 10 случаи со морбили

Во работната единица за јавно здравје во Дебар потврдија дека во последните две недели се регистрирани нови 10 заразени од морбили.

– Од февруари кога беше регистриран првиот случај, заклучно со денешниот ден имаме вкупно 29 случаи со морбили. Поголемиот број или 18 се во периодот до 26 март. Станува збор за лица над 25 годишна возраст и сите со лесна клиничка слика.Сме немале случај со комплкации, изјави епидемилогот Ментор Меља,раководител на единицата.

Додава дека во единицата со МРП вакцинирани се 100 возрасни лица и оти состојбата внимателно се следи.

Инаку,потврдува Меља меѓу заразените од морбили нема здравствени работници.

Епидемија на морбили (мали спаници) во Дебар беше прогласена во јули мнатата година, кога повеќето од заболените беа над 30 години и не биле целосно вакцинирани, а имаше и такви кои ги имале примено и двете дози на МРП вакцината. Меѓу заразени беа и двајца здравствени работници.