Свет
10. јуни 2020 - 14:41

Во Чикаго на 31 мај годинава се случиле најголем број убиства во последните 60 години

Чикаго е еден од градовите во САД со најголем број вооружени напади, а најсмртоносен ден за градот во изминатите 60 години е 31 мај оваа година, кога се забележани 18 убиства.

– Претходно, 4 август 1991 година бил денот кога се случиле најмногу убиства, односно 13, изјави директорот на форензички лаборатории на Универзитетот во Чикаго, Макс Капустин.

Капустин додаде дека на 1 јуни имало толку многу обдукции, па главниот лекар на округот морал да повика дополнителни патолози на помош.

Направена е обдукција на 35 тела, а 15 жртви имале огненопрострелни рани.

Првото убиство во Чикаго на 31 мај се случило кога возило во движење пукало во 36-годишен маж. Никој не бил уапсен, а меѓу убиените има и двајца тинејџери.