Loading Video...
Кошарка
6. May 2019 - 17:34

Во чест на Лазар Лечиќ во Скопје доаѓаат големи кошаркарски имиња

 
Еден од најдобрите кошаркарски тренери во историјата на поранешна Југославија, Лазар Лечиќ на свечена Академија во организирација на Македонскиот олимписки комитет (МОК), заедно со Македонската кошаркарска федерација, клубовите Работнички и МЗТ Скопје, како и Агенцијата за Млади и Спорт (АМС),  ќе ги собере кошаркарските легенди од „екс-ју“ на едно место, а повод неговиот 80-ти роденден.
 
Специјални гости на настанот ќе бидат легенди кои соработувале со Лечиќ  за време на неговата тренерска кариера како: Иво Данеу, Никола Плеќаш, Ратко Тврдиќ, Дамир Шолман, Кичановиќ, Жељко Јерков, Дино Раѓа, како и Панајотис Јанакис, со кого Лечиќ соработуваше во грчки Арис, но и многу други. Од тренерите, најавено е присуство на:  Душан Дуда Ивковиќ, Мирко Новосел, Божидар Маљковиќ, Божа Тањевиќ. 
 
Свеченоста ќе се одржи на 9 мај, од 13:00 часот, во хотелот „Александар Палас“. Влезот за сите љубители на кошарката е слободен.