Во Брисел средба Ердоган - Туск - Јункер
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и со претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер.
Ердоган не даде изјава при пристигнувањето во зградата на Европскиот совет, а вчера апелираше до Европска унија да донесе одлука за членството на Турција во ЕУ и земјата да не биде третирана како питач пред вратите на Европа.
- ЕУ очекува Турција сама да се повлече, изјави вчера Ердоган во Анкара пред да замине за Брисел.
Портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас пред почетокот на трилатералната средба на Твитер напиша дека „ЕУ и Турција треба заедно да работат“.
Односите меѓу ЕУ и Турција се тензични по обидот за воен удар во јули 2016 година и бранот репресии што уследи, како и камањата за редерендумот што се одржа во април за проширување на ингеренциите на Ердоган.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо