Џет-Сет
11. January 2018 - 11:33

„Во брак сум...Тој е мојот сопруг“ - Се омажи Рики Мартин

Една година по свршувачката пејачот Рики Мартин и неговиот партнер Џуан Јосеф се венчаа во тајност.
 
- Во брак сум, а за неколку месеци подготвуваме голема прослава. Си се ветивме и потпишавме. Се чувствувам неверојатно. Не можам веќе да го претставувам како свршеник. Тој е мојот сопруг, рекол Рики за „Е!Њуз“.
Рики и Џан се во врска од 2016 година. На крајот на годината Рики го побара својот иден сопруг, со кого ги имаат близнаците Мате и Валентин. Рики и Џан планираат да го прошират семејството.
 
- Сакам уште четири близнаци. Сакам да имам големо семејство, но во моментов сме презафатени со работа и со организација на свадбата. Да завршиме со тоа, па ќе усвојуваме уште деца.