Балкан
4. December 2017 - 9:50

Во БиХ уапсени 13 лица поради злосторства против човештвото

Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита на БиХ (СИПА) утрово на подрачјето на Коњиц и Сараево уапсија 13 лица, поради злосторства против човештвото.

Припадниците на СИПА постапиле по наредба на Обвинителството на БиХ, а упасените се сомничат дека го извршиле тоа кривично дело на подрачјето на општината Коњиц во 1992 година.

Уапсените се приведени во службените простории на СИПА заради криминалистичка обработка, по што ќе бидат предадени на Обвинителството на БиХ за понатамошна постапка.