Свет
23. February 2016 - 8:33

Во Австралија уапсена тинејџерка поради подготвување терористички напад

Тинејџерка беше уапсена во Австралија под сомнение дека подготвувала терористички напад.

Полицијата во Нов Јужен Велс ја приведе 18-годишната жителка на Сиднеј, Ало-Бриџит Намоа, и против неа ќе биде подигнато обвинение за подготовка на напад.

Намоа е сопруга на Самед Бајди кој веќе е обвинет за подготовка на терористички напад. Таа е родена на островот Тонга и прифатила ислам откако се запознала со Бајди.