Во Албанија престојуваат 351 украински бегалец
– Се зголемува бројот на украински граѓани кои бегајќи од војната засолниште пронајдоа во Албанија.
– Од почетокот на војната досега во нашата земја пристигнати се 351 украински граѓанин. Ним им е дадена привремена заштита според целосните законски одредби што ние ги имаме за азил, објави албанскиот министер за внатрешни работи Бледи Чучи по средбата со украинскиот амбасадор во Тирана Володимир Шкуров.
Тој додаде дека на амбасадорот му изразил целосна подготвеност на Албанија за поддршка на државјаните на Украина кои веќе се тука, но и за оние кои би можеле да пристигнат поради војната.
– На средбата нагласив дека Албанија ќе ги координира напорите со другите земји од ЕУ за да биде блиску до народот на Украина во овие тешки моменти, истакна Чучи.
Во меѓувреме, со синоќешната одлука на албанската Влада, украинските државјани имаат право да влезат и да останат во Албанија без дозвола за престој, во период од една година.
Ново на Сител
-

Приведени шест малолетници од Скопје, со употреба на остар предмет од малолетник одзеле пари
-

25-годишник пијан предизвикал пожар во своето село, измерени му се 2,36 промили алкохол во крвта
-

За само шест месеци откриени над 6.300 AI-слики со сексуална злоупотреба на деца
-

Чекањето заврши: Пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоци
-

И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители
-

Истражување: Колку ПХЕВ ја загадуваат животната средина?
-

Принцот Ендрју со претставка до полицијата поради неговото апсење во врска со Епстин
-

Шпанија оди на предвремени избори, премиерот Санчез ги распиша за 29 ноември
