Во Аеродром денеска и утре ќе се собира кабаст отпад

Општина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“ денеска и утре ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад.
Акцијата денеска ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кога граѓаните кои имаат кабаст отпад, од 7 до 11 часот ќе може да го изнесат пред своите домови, доколку живеат во куќа, или, пак, пред зграда, ако живеат во колективни станбени домаќинства.
Од Општина Аеродром апелираат отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, а местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.
Во текот на утрешниот ден во истиот период од денот акцијата ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово, 13 Ноември и Јане Сандански.
Општина Аеродром посочува дека под кабаст отпад се подразбираат делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут и стакло.
Ново на Сител
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
-

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
