Во 2016 25 отсто пласирани телефони ќе имаат Force Touch заштита
Откако Епл ја претстави 3D Touch технологијата на новиот Iphone 6S телефон, истата стана популарна и кај другите производители. Наједноставно кажано се работи за способност на заштитата да препознае со колкава сила сме притиснале на екранот и зависно од тоа се покренуваат одредени функции.
Не требаше долго да се чека и останатите производители на паметни телефони на пример Huawei да ја прифатат оваа новост и да ја имплементираат во своите телефони Mate S, а најверојатно идната година ќе има уште повеќе телефони со заштита кои ќе ја имплементираат Force Touch технологијата. Така барем предвидува фирмата HIS, која наведува дека 25 отсто од вкупниот број на нови телефони во текот на 2016 година ќе имаат вградено токму таква заштита.
Притоа заштитата со Force Touch технологијата нема да биде резервирана за моделите кои се наведени, туку ќе се вградуваат и во моделите од среден сегмент. Благодарение на тоа, HIS наведува дека испораката на Force Touch заштита во текот на 2016 година ќе се зголеми на 317 отсто, т.е. идната година ќе бидат испорачани 461 милион заштити со Force Touch технологија.
Понатаму HIS прогнозира и дека во текот на идните пет годин ќе порасне производството на in-cell и on-cell заштита и дека во 2018 година нивната застапеност на телефоните ќе порасне од сегашните 40 на 50 отсто.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти