Здравје
24. February 2016 - 14:27

Внимавајте: Немојте да го миете пилешкото месо пред готвење!

Немојте да го миете пилешкото пред готвење, бидејќи тоа воопшто не ги уништува штетните бактерии.

Всушност, миењето може само да ги размножи, тврдат истражувачите од „Drexel“ универзитетот, пишува NBC.

Научниците објавија анимирано видео на YouTube кое покажува како миењето на пилешкото ги шири бактериите, вклучувајќи ја и салмонелата.

„Миењето на пилешкото пред јадење не се препорачува. Бактериите што се наоѓаат во сировото животинско месо лесно може да се пренесат и на друга храна. Некои мислат дека со мињето ќе ги уништат бактериите, но тоа не е точно. Само готвењето на вистинската температура може да ги убие бактериите“-советува американската канцеларија за земјоделство во САД.

Затоа кога готвите пилешко единственото што треба да го направите е да го отпакувате и да го ставите во рерната на висока температура. Само така ќе ги уништите сите штетни бактерии.