Живот
26. May 2018 - 11:00

Внимателно со нив: Три хороскопски знаци кои имаат „најкраток фитил“

Ги знаете ли оние луѓе кои кога ќе се пошегувате на нивна сметка кисело ќе се насмевнат, ќе се налутат за најмала ситница и ќе се одмаздат кога најмалку очекувате? Тие најверојатно во хороскоп се некој од овие три знаци.

Овен

Овенот е огнен знак и има многу краток фитил. Ако нешто за многумина е скоро и незабележлива ситница, тие то аможат да го доживеат како напад на нивното его. А тогаш спасувајте се колку можете. Нивните бурни реакции некогаш се толку непромислени и неоправдани што ќе ве остават без текст. Доколку се пошегувате на нивна сметка, а тој тоа го сфати како прозивка – подготвен е бурно да реагира и демонстративно да ја напушти забавата, кафулето, станот… Втората варијанта е да ве вовлече во расправија која може да трае со часови, се додека тој не излезе како победник. Исто така, тој е големо злопамтило. Сепак, личноста во овој знак е убаво да ја името во својот живот.

Лав

Лавот и неговата суета која го следо на сите животни полиња. Доколку му ја повредите, очекувајте одмазда. Лавот е саможив и сака да се однесува како дива, особено ако намисли дека е оштетен или повреден на некој начин. Кога знае дека нема аргументи на своја страна, расправата ќе ја напушти со викање, галама и трескање на врати. Дури и кога знае дека згрешил нема да се јави прв, па макар и целиот свет да се сруши. Поради својата суета жртвуваат врски и пријателства кои ги граделе со години.

Шкорпија

Шкорпиите не треба многу за да ги налутите, а ако се разбеснети подготвени се на најниски удари, провоцирање и боцкање, навреди, а некогаш и пцовки кон оној кој го предизвикал бесот. Премногу се лабилни, нивните реакции не може да се предвидат, а секоја караница ја преживуваат многу емотивно. Кога е повредена нема да биде мирна додека не се одмазди некому за кого смета дека и предизвикал болка. Бидејќи одмаздата се сервира ладна, лукаво ќе ја подготвува и ќе чека вистински момент за да ја спроведе. Така што, ако се најдете на мета на Шкорпија, немојте да се изненадите ако не знаете што сте и направиле – тоа може да биде и непромислен коментар кој сте го упатиле пред неколку години, за кој никој не се сеќава освен Шкорпијата.