ВМРО-ДПМНЕ: Заев најавува ново задолжување од 700 милиони евра, јавниот долг ќе надмине 7 милијарди
Владата најавува ново задолжување преку еврообврзница од 700 милиони евра. Овие пари власта ќе ги позајми пред изборите со што се спрема за нов поткуп.
Заев со ова задолжување ќе го задолжи секој еден граѓанин со нови 22.000 денари.
Со ова вкупниот долг ќе достигне 7 милијарди евра од кои скоро 3 милијарди евра се задолжени во последните 4 години.
Владата вели дека кризата поминала, а од друга страна се задолжува без усул.
Доколку економијата е стабилна и кризата е помината, тогаш зошто ќе зема ново 700 милиони евра, ако не само за поткуп пред избори?
Зоран Заев треба да и објасни на македонската јавност каде ги потроши 2 милијарди евра за кои се задолжи во изминатата година дена, како и каде ќе ги потроши овие 700 милиони евра.
Зорам Заев мора да знае дека по промената на власта ќе има детална истрага каде, како и за што биле трошени парите на граѓаните, кои треба да се враќаат во следните 10, 15 или 20 години.
Одговорност ќе има.
Ново на Сител
-
Лекувањето на ковид пациенти во приватните болници нема да може да надмине 5000 евра
-
Дали во Македонија има бразилски сој на Ковид-19?
-
Опозицијата ги повлече амандманите на Законот за државјанство за да се деблокира економската помош
-
Кои се „тајните“ хонорарци ангажирани во Владата?
-
Рашковски вози автомобил кој чини над 70.000 евра - Ќе го провери ли финансиската полиција?
-
Дали аферата пасоши ќе го загрози безвизниот систем?
-
Утре ќе биде објавено како ќе изгледа проектот кај „Холидеј Ин“
-
Ивент идустријата со нов протест пред Владата