Македонија
3. February 2018 - 9:37

ВМРО-ДПМНЕ: Судот се изживува со граѓани чиј единствен грев е што не се согласуваат со политиките на Заев

-Политички монтираните случаи во кои се кршат основните човекови права се осудени лично од претставник на институцијата која ја донесе Европската конвенција за човекови права. Осомничените во монтираниот судски случај се жртви на тортура. ОЈО и судот со своето делување ја стават Македонија на мапата на држави со политички затвореници. Целиот државен апарат е ставен во полза на СДСМ. Десетината патриоти и пратеници се дел од хајката без аргументи по политичка нарачка. Неколку месеци истите се држени во притвор без реална основа. Судот одобри неаргументирани барања за притвор за конструиран случај, со што се изживува со граѓани чиј единствен грев е што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
 
 
Правната држава не функционира! Сомнеж во владеење на правото во Р. Македонија под власта на СДСМ, поради политичките апсења и монтираните случаи против македонските патриоти и пратеници изрази и комесарот за човекови права на Советот на Европа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
 
-Политички монтираните случаи во кои се кршат основните човекови права се осудени лично од претставник на институцијата која ја донесе Европската конвенција за човекови права. Осомничените во монтираниот судски случај се жртви на тортура. ОЈО и судот со своето делување ја стават Македонија на мапата на држави со политички затвореници. Целиот државен апарат е ставен во полза на СДСМ. Десетината патриоти и пратеници се дел од хајката без аргументи по политичка нарачка. Неколку месеци истите се држени во притвор без реална основа. Судот одобри неаргументирани барања за притвор за конструиран случај, со што се изживува со граѓани чиј единствен грев е што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Од партијата порачуваат дека правосудните органи не смеат да се ставаат над законот, Уставот и меѓународните договори. Притворот не смее да се користи како казна за шиканирање на политичките неистомисленици.
 
-Правосудните органи и чесните и одговорни правници во институциите мора да го запрат овој неаргументиран политички прогон. Во интерес на правната држава и демократијата во Република Македонија мора да се почитуваат законите. Во никој случај не смее во 21 век да се премолчува политички прогон. Кршењето на човековите права сериозно ќе ги загрозат нашите Евроатлански интеграции. ОЈО и судот пред себе ја имаат историската шанса да ја одбранат правдата. ОЈО и судот можат да стават крај на овој политички монтиран случај, во интерес на Уставот, демократијата и правната држава, стои во соопштението на партијата.