ВМРО-ДПМНЕ со реакција на изјавата на Заев за инвестициите
8 милијарди евра инвестиции се тркалаат низ институциите стана новото Гугл и Фејсбук чекаат на граница.
Единствено што се тркала е владата на Заев, СДИ во Македонија се и до 40 пати помалку од Србија.
Во првиот квартал од 2021 година во Македонија влегле само 25.6 милиони евра странски инвестиции, и тоа се пред се инвестиции на веќе постоечки капацитети во Македонија, кои го прошируваат своето производство, а се донесени од владата на ВМРО-ДПМНЕ.
И додека ние имаме само 25.6 милиони евра странски инвестиции во Србија за истиот период влегле скоро 1 милијарда евра инвестиции.
Дека реалноста е розова е само во главата на Заев, никој повеќе не верува на тие манипулации.
Четири години слушаме дека само што не тргнало, Гугл и Фејсбук чекаат на граница и слични приказни. Истите приказни во друг формат веќе не поминуваат време е за одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна