Македонија
23. December 2020 - 13:58

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов среде рецесија вработува 135 партиски војници во град Скопје

Во бизнисот и во економијата има рецесија, но нема и во партиските вработувања.

Вчера мнозинството на СДСМ во советот на градот Скопје по предлог на градоначалникот Петре Шилегов изгласа и одобри 135 вработувања на определено време на директен товар на грбот на граѓаните.

Петре Шилегов, но и Зоран Заев и на последните избори, како и изборите пред тоа ветуваа стручна и за 20 проценти намалена администрација. Дури и ветуваа проект за преземање на вработените од државната администрација во приватниот сектор, но еве по изборите гледаме како се вработуваат 135 лица и тоа директно за потребите на градот. Тоа се 135 плати за раководители, соработници, советници на Шилегов кој ќе ги плаќаат граѓаните. Еве дури се нашло и место за личен возач на Шилегов иако градот Скопје, по претходна изјава на самиот Петре Шилегов имало вработени дури 19 возачи, сега уште еден.

За илустрација колку Шилегов се однесува расипнички, арогантно и одлепено од реалноста е тоа што претходниот личен возач е унапреден во стручен соработник за висока плата во градско претпријатие, а еве сега се отвора ново место за негов возач.

Замислете Шилегов на определено време ќе вработи и раководител на одделение за европски интеграции, поточно измислено место во градот за да може Шилегов да додели плата.

По потрошените пола милион евра од Шилегов за макети во Зоолошка градина и украсување со лански лампиони, никој не знае колку ќе чини годишно вработувањето на овие 135 лица во градот Скопје, нормално сите избрани по партиски клуч од СДСМ?

Петре Шилегов треба да излезе и да ја објасни потребата и неопходноста од вработување на овие 135 лица на определено време среде корона, среде рецесија и

во услови кога 55 илјади лица ги загубија работните места претежно во приватниот сектор.

Ова говори за расипничко однесување и груба злоупотреба на градот Скопје, скапа забава за вдомување на партиски војници од СДСМ, платена со парите на граѓаните кои што се повеќе осиромашуваат.