Македонија
27. January 2021 - 15:51

ВМРО-ДПМНЕ: Шекеринска да соопшти кој и каде погрешил во процедурата за избор на кандидат за највисок воен претставник

Министерот за одбрана да престане да се крие позади неаргументирани партиски соопштенија кои немаат никаква тежина, туку се сведуваат на деградирање на личноста на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Нападите на личност не се одлика на демократија, туку се синоним за едноумието во кое е едуцирана и во кое живее вашата недопирлива елита.

Драган Ковачки е прва генерација на македонски офицери и е вонредно унапреден за одбраната на Македонија во 2001 година. Ковачки е дел од првиот контингент кој беше на мисија во Ирак во 2003 година.

Би требало да искажете почит, а не да плукате.

Министерот за одбрана останува должен да и соопшти на македонската јавност: Кој и каде погрешил во процедурата за избор на кандидатот за највисок воен претставник? Како се чувствува кога знае дека свесно им подметнала несоодветен кандидат на претседателот Пендаровски и на НАТО?

Радмила Шекеринска, поздравете ја улогата на нашите граѓани кои служат во униформа и учете демократија од нив.

Одважете се и одговорете зошто немаме 3 години воен претставник во НАТО?

Нема да успеете да ја загушите слободата на говорот и слободата на мислата на нашите членови и правото на информирање на македонската јавност.

Одговорност и оставка веднаш!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ