Македонија
29. January 2019 - 10:12

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче го урнисаа здравството и нанесоа голема штета на здравствениот систем

Венко Филипче треба да си поднесе оставка поради хаосот кој го создаде со епидемијата со морбили и вакцинирањето. Првин креираше паника манипулирајќи ги граѓаните дека ќе има подобри вакцини, ако на референдумот гласаат за промена на името, а потоа и со лажното вакцинирање на  неговата внука, но и скандалот со вакцините во изминатиот рок, ова денеска преку соопштение го потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта е виновна за хаосот во здравството. Додека беа опозиција креираа кампања против вакцинирањето, со која внесоа хаос и страв кај населението, за сега да не можат да ги санираат последиците од штетите кои сами ги направија. Филипче не знаеше како да го покрие срамот со вакцините со изминат рок кои беа пуштени во употреба и недовербата кои сами ја креираа, па тргна во злоупотреба на својата малолетна внука со цел политичка измама на граѓаните, за по неколку недели и сам да ја признае измамата, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека СДСМ и Филипче го урнисаа здравството и нанесоа голема штета на  здравствениот систем.

-Граѓаните заслужуваат квалитетно здравство, тоа е обврска на власта и компромис за тоа нема и не може да има. СДСМ и Филипче не можат да го водат здравството. Филипче и СДСМ мора да си заминат. Црнилата мора да си заминат. Зората мора да изгрее, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.