ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчи на провокациите со кои почнува реализирањето на тиранската платформа
ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини СДСМ и лидерот на партијата Зоран Заев дека, како што стои во соопштението, молчат и ги поддржуваат провокациите со кои почнува реализирањето на тиранската платформа.
- СДС молчеше по поставувањето на албанското знаме во кабинетот на Претседателот на Собранието. Сега СДС молчи и на изјавата на Талат Џафери дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Република Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик, пишува ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата во соопштението додава дека според Охридскиот рамковен договор. пратениците може да се обраќаат на својот мајчин јазик доколку него го говорат над 20 проценти од населението.
- Тоа е индивидуално право, но кога се води седница, тоа е чин од позиција претседател на Собрание и во име на институцијата којашто ја претставува и затоа единствен службен јазик и официјален јазик на целата територија е македонскиот јазик. Овојпат цела Македонија станува жртва на антидржавното однесување на Заев и СДС, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица