Македонија
7. May 2017 - 10:14

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчи на провокациите со кои почнува реализирањето на тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини СДСМ и лидерот на партијата Зоран Заев дека, како што стои во соопштението, молчат и ги поддржуваат провокациите со кои почнува реализирањето на тиранската платформа.

- СДС молчеше по поставувањето на албанското знаме во кабинетот на Претседателот на Собранието. Сега СДС молчи и на изјавата на Талат Џафери дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Република Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик, пишува ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата во соопштението додава дека според Охридскиот рамковен договор. пратениците може да се обраќаат на својот мајчин јазик доколку него го говорат над 20 проценти од населението.

- Тоа е индивидуално право, но кога се води седница, тоа е чин од позиција претседател на Собрание и во име на институцијата којашто ја претставува и затоа единствен службен јазик и официјален јазик на целата територија е македонскиот јазик. Овојпат цела Македонија станува жртва на антидржавното однесување на Заев и СДС, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.