ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува задолжувањето на Република Македонија
Владата на СДСМ и министерот Тевдовски денес се задолжија за нови неверојатни 2.70 милијарди денари односно 43.9 милиони евра, рече денеска на прес-конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.
- Заедно со денешната аукција за овие три месеци министерот Тевдовски има издадено државни хартии во вкупна вредност од 145 милиони евра. Средствата се собираат директно од македонските банки кои наместо да се користат за кредитирање на македонското стопанство, се користат за покривање на буџетската дупка, изјави Делев.
Посочи дека Владата на СДСМ за овој период ниту еднаш не се обидела да го намали јавниот долг како што ветувала, туку напротив, рече Делев, се повеќе долгот се продлабочува.
- Вистинското лице на владата на СДС се виде и со ребалансот на Буџетот со кој се предвидува дополнително задолжување од 150 милиони евра. Владата на Заев мора да запре со неконтролираното задолжување и да одговори на македонската јавност каде парите ќе бидат искористени, рече Делев.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово