Македонија
3. February 2023 - 16:39

ВМРО-ДПМНЕ поднесе закон за амнестија за 27ми април

Законот за амнестија на осудените од „27 април“ инициран од тројца адвокати влегува во Собрание.. Го достави пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.. Со него се предвидува амнестија за сите осудени, без разлика на висината на нивните затворски казни.. Велат, таквата измена на првичната идеја е за да се избегне селективноста што била направена со Аменстијата од 2018та која го преполови бројот на обвинети за „27ми“.. Пратеничката група, очекува законот да го поддржат и колегите од владејачкото мнозинство..

„Се надеваме и повикуваме дека мнозинството ќе го прифати и поддржи и ќе гласа за овој предлог на Закон, бидејќи, доколку во спротивно не го стори тоа, ќе покаже и докаже дека за нив селективноста е на прво место, а владеењето на правото и правдата во Македонија  ги нема никаде“, изјави Никола Мицевски, Координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

За СДСМ неприфатливо е ослободување на осудените за упадот во собранието.. Во предлогот препознаваат лицемерие, бидејќи, како што велат, ВМРО-ДПМНЕ сега поддржува насилници, ама немала слух да гласа за еконосмка помош на граѓаните  и компаниите..

„Опструираа, кочеа и никаде ги немаше кога беше потребно да се донесат неколку сета антикризни мерки сред економска и ковид криза, тогаш бегаа. Кога станува збор за насилници, тие се први и се гласни и секогаш биле такви. За нас е неприфатлива амнестија за насилници кои влегоа на тој црн „27 април“, изјави Мартин Костовски, Пратеник на СДСМ.

Предложениот закон предвидува амнестија за 16мината осудени за упадот во собранието и седумтемина за претепувањето на Зијадин Села.. Амнестија не е предвидена за обвинетите кои одговараат за организација на упадот..

Со претходниот закон за амнестија беа опфатени лица кои не биле директно вмешани во насилства за „27ми“