ВМРО-ДПМНЕ: Ново задолжување од околу 29 милиони евра
Катастрофалната економска политика на СДСМ се базира на задолжување, задолжување и само задолжување. Нема да помине недела, а јавноста да не види ново задолжување.
Денес Министерството за финансии закажа нова аукција на државни хартии од вредност со која ќе се задолжат со нови речиси 29 милиони евра.
Со ова ново задолжување Владата во неполна година успеа државата да ја задолжи за 1,6 милијарди евра, а задолжувањето само од почетокот на годината премина фантастични 566 милиони евра, што значи нов долг за секое семејство во Република Македонија од 1.200 евра.
Само пред една недела министерот Тевдовски ја убедуваше јавноста дека буџетот се полни подобро од било кога од планираното, па логично се поставува прашањето зошто денеска се задолжува државата со нови 29 милиони евра и зошто се акумулира овој нето долг само од почетокот на годината од над 566 милиони евра?
Каде отидоа парите кои министерот ги прикажуваше пред само една недела? Каде се трошат стотиците милиони евра од задолжувањата кога граѓаните не гледаат ништо да се изгради или да се направи?
Очигледно Министерот се обиде ја манипулира јавноста. Економијата во државата од ден во ден пропаѓа благодарение на погрешните економски политики на владата на СДСМ. Ниту еден нов капитален проект не е отпочнат, не се градат нови патишта, училишта, градинки, нема зголемени субвенции, а единствено што расте тоа е износот наменет за вработувања на партиските послушници на СДСМ.
СДСМ ја зароби државата почитувани граѓани, а со тоа и секој сегмент во општеството. Жртва на теснопартиските политики е и економијата која стагнира и не генерира раст.
Оваа неодговорна власт мора да си замине пред да направат поголеми штети кои ќе бидат ненадоместливи. СДСМ не знае да работи. Граѓаните заслужуваат подобро.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година