Македонија
15. April 2021 - 9:13

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособниот Шилегов месец дена не може да ја поправи фонтаната на плоштад

Неспособниот Шилегов месец дена не може да ја поправи фонтаната на плоштад, а не пак да направи нешто ново. Имаме среќа што мрзливиот Шилегов наследи среден град со широки улици и булевари, да требаше да чекаме тој да ја проширува Партизанска, Илинденска или Теодосиј Гологанов, уште ќе се возеше по тесни сообраќајници.

4 години ништо не изгради, се што прави е премачкување со асфалт на новите булевари кои му ги остави ВМРО-ДПМНЕ.

Дури и кога ќе се фати да прави нешто, тоа е ливада од 300 квадрати која чини 260.000 евра. Односно со други зборови - "Аман Петре седи, не фаќај ништо кај и да е уште 5 месеци ќе поминат".

Колку е градот запустен говорат улиците кои се полни со ѓубре, дивите депонии кои не ги реши, запуштените паркови кои тој и неговите колеги од СДСМ не ги одржуваат, проблемот со кучуњата и уште десетици проблеми, кои не требаше да бидат проблеми.

Мрзливиот Шилегов не сака ни ѓубрето да го собере, а не пак нешто да сработи. Тунелот под Кале, подземните сообраќајници, продолжувањето на Илинденска кон Ѓорче и другите стратешки проекти кои ги вети, останаа само ветувања.

Мрзливиот Шилегов ќе остане запаметен само по проблеми и ниту едно решение.

 

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ