ВМРО-ДПМНЕ: Најголема ноќна мора на СДСМ и ДУИ е коалицијата ВМРО-ДПМНЕ - АА - А
Најголема ноќна мора на СДСМ и ДУИ е коалицијата ВМРО-ДПМНЕ - АА - А, во октомври паѓа дуото Заев - Ахмети.
СДСМ не пропушта изјава или пресконференција, а да не го потенцира стравот од коалицијата која ќе ги порази во октомври.
СДСМ знае дека губи од ВМРО-ДПМНЕ - АА - А.
Кандидатите со кои ВМРО-ДПМНЕ истапува се нови луѓе, професионалци, и докажани во средините во кои работат.
Наспроти понудата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ предлага стари кадри кои смениле и по неколку функции, и нема што ново да им понудат на граѓаните
Што може Петре Шилегов и Горан Сугарески да понудат и направат. И двајцата имаа доволно време и можности да сработат нешто, но тие немаат ниту еден проект зад себе.
На 17 октомври народот ќе го казни СДСМ за сите погрешни политики. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
