Македонија
4. July 2022 - 9:28

ВМРО-ДПМНЕ: Македонскиот јазик не е гарантиран со предлогот со кој се фали Владата

Јазикот не е гарантиран, власта на Ковачевски прифаќа Бугарија да ни ги пишува учебниците.

Власта се фали дека е гарантиран јазикот, а тој е оспоруван, додека учебниците ќе ни ги пишува Бугарија.

Македонскиот јазик не е гарантиран со предлогот со кој се фали владата. Официјалниот јазик  на земја кандидат за ЕУ, се признава во поглавје 34. Македонскиот јазик го нема во предлогот, и постои опасност кога ќе се отвори и затвори поглавјето 34 истиот да биде оспоруван.

Со овој предлог се остава проблем и можност јазикот да биде оспорен, бидејќи тој не е гарантиран.

Дополнително со предлогот историската комисија е таа која ќе може и понатаму да биде кочничар на се, доколку нешто не е по волја на Бугарија. На Бугарија едноставно и се дава право да ги пишува учебниците по историја во Македонија.

Власта не обезбедува ништо. Отвора само бројни проблеми. Затоа премногу е. Потребни се избори, час побргу.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ