Македонија
9. March 2019 - 9:57

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија повеќе од две години во слободен пад

Македонската економија е пред колапс. Заради неспособната и криминална власт, предводена од аболицираниот Заев македонската економија повеќе од две години е во слободен пад. Владата на Заев е заинтересирана само за криминални тендери, грантови и субвенции кои завршуваат во џебовите на партиските пајташи од СДСМ.
 
Додека граѓаните се борат за парче леб, државната каса служи за исплата на партиските послушници на Зоран Заев. Јавниот долг е зголемен за неверојатни 500 милиони евра во рок од само две години владеење на СДСМ. Тоа значи дека Заев за две години секое четиричлено семејство го задолжи за 1000 евра.
 
Истовремено реализацијата на капиталните инвестиции е на поразително ниво. Минатата година реализацијата на капиталните инвестиции го допре дното и беше на историски најниско ниво, додека годинава реализацијата на капиталните инвестиции за месец јануари изнесува срамен 1 процент од планираното.
 
Македонската економија е последна во регионот и во Европа. Вкупниот раст за 2017 и 2018 година на економијата во време на владеењето на Заев во Македонија изнесува срамни 2,05%. Извозот во јануари годинава бележи пад од 1,9 проценти споредбено со истиот месец минатата година.
 
Загрижувачки е и падот од 12,6 проценти во ИТ индустријата кој се должи на погубните економски политики на Зоран Заев и зголемените давачки кон државата.
 
Економската девастација во Македонија мора да запре. Македонија мора да раскрсти со транзиционите политичари олицетворени во криминалниот картел предводен од власта. Зоран Заев мора да си замине, доколку сакаме да имаме економски силна и просперитетна Република Македонија.
 
             Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ