Македонија
28. November 2021 - 15:51

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски со истите празни фрази на Заев

Ковачевски со истите празни фрази на Заев, нема место во политиката за децата од олигархијата и криминалната транзиција.

Димитар Ковачевски е син на поранешниот градоначалник на Куманово во време на транзицијата од редовите на СДСМ.

Таткото на Ковачевски бил и амбасадор во Црна Гора исто така предлог на СДСМ.

Димитар Ковачевски е заменик министер за финансии и како таков тој нема направено ниту еден проект  за доброто на граѓаните. Наспроти тоа во негово време ни се случи јавен долг 7 милијарди, 60.000 луѓе на улица, 5.600 затворени фирми, инфлација.

И Заев ги ветуваше истите работи како и сега Ковачевски. Однапред се знае исходот.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ