Македонија
3. September 2021 - 11:40

ВМРО-ДПМНЕ: Гол популизам е што Владата отиде на промоција на приватен проект затоа што нема свој

Зоран Заев, Петре Шилегов, Артан Груби и цела влада отидоа на промоција на приватен проект на Бит Пазар, затоа што нема со што свое предизборно да се пофалат.

Гол популизам е што Владата отиде на промоција на приватен проект затоа што нема свој.

СДСМ и ДУИ државата ја втурнаа во рецесија, потрошија четири огромни буџети, ја задолжија државата, 60.000 нови невработени оставија на улица, а се фалат со приватна инвестиција. Каде ќе одеа денеска ако не беше приватната инвестиција на Бит пазар? Очекуваме Заев и целата владина свита од денеска да дојдат и на промоција на дивоградбата, нелегалната зграда на Шилегов во Карпош. И тоа е приватна градба, само што зградата на Шилегов е дивоградба, без дозвола.

Заев, Груби и Шилегов знаат дека на 200 метри од "црвените теписи" денеска се живее како во 18ти век без канализација и инфраструктура, ама за таму не се интересираат.

Нема полошо од СДСМ за Македонија.

Време е за Македонија за сите луѓе.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ