-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: ЕЛЕМ најавува ново поскапување на струјата од најмалку 17%
-->
Со власта на СДСМ и ДУИ на Македонија и се случува енергетска катастрофа, а на граѓаните огромно осиромашување. Само по основ на цената на струјата која ја достави ЕЛЕМ (ЕСМ) за периодот јули-декември 2022 година, која е за 17% повисока од досегашната, се очекува нов сериозен ценовен шок за граѓаните и компаниите.
АД ЕЛЕМ сега пак на грбот на граѓаните ќе го покрива своето катастрофално работење. За само 7 месеци потрошија 200 милиони евра народни пари, во најголема мера за да го надоместат недостатокот на домашно производство на електрична енергија кое лани беше на рекордно најниско ниво од 3200 GWh. Патем ЕЛЕМ од најрентабилна компанија во последните години се претвори во загубар, поради лошите енергетски политики на власта на СДСМ и ДУИ и ужасно лошото раководство на компанијата.
Поради честите дефекти, немањето нови наоѓалишта, поради празни акумулации, поради криминалните тендери во изминатиот период оваа власт за граѓаните ја поскапе цената на струјата за над 30%, а сега готви ново покачување. Ваквото покачување немаше да биде толку големо доколку се работеше домаќински и одговорно. Доколку навреме се произведеше домашна струја која е далеку поефтина од увозната, ќе се уштедеа стотина милиони евра кои можеа да се искористат во нови производствени капацитети.
Доволно беа оправдувањата на власта. Нивната неспособност граѓаните два пати ја плаќаат, еднаш со буџетските народни пари, друг пат со парите од својот џеб.
Потребни се избори за оваа власт да си замине.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка