Македонија
4. February 2020 - 14:43

ВМРО-ДПМНЕ: Дескоскa избрала незаконски Комисија за полагање на правосуден испит

Продолжуваат скандалите околу измените во начинот за кој идните адвокати, судии и обвинители го полагаат правосудниот испит.

Рената Дескоска е длабоко вмешана во скандал за непотизам во врска со комисијата за полагање на правосуден испит. Дескоска со самото формирање на комисијата го прекршила веднаш законот за правосуден испит, односно членот 6 според кој испитот се полага пред испитна комисија која се состои од претседател и шест члена и нивни заменици. Наместо да се назначат претседател и 6 члена, Дескоска назначува претседател и 7 члена, што е надвор од законот и е прекршување на законот.

Која е намерата на ваквото кршење на законот од страна на министерката? Дали можеби финансиски причини?

Дополнително, Дескоска, претседателот и неговиот заменик на комисијата ги назначила истовремено и за член и за заменик во комисијата, што значи дека вршат и две функции во комисијата истовремено.
Се отвора прашањето дали овие лица ќе земаат и двојни хонорари?
Дали можеби нивниот глас при одлучување ќе се брои двојно?

Ова е класична партизација на правосудниот систем. Помеѓу членовите на комисијата која ја формираше Дескоска се наоѓа Љубомир Јовевски, омилениот обвинител на Заев, претседателот на Апелациониот суд во Штип, Наќе Георгиев по потекло од Струмица кој важи за исклучително близок до СДСМ, Валентин Пепељуговски и Адвокатското друштво Пепељуговски за кои се говореше дека земале милиони денари од Владата на СДСМ, Антоанела Димовска сестра на пратеничката од СДСМ, Снежана Калевска Ванчева, Тања Милева жена на кандидатот за Градоначалник од СДСМ – Игор Милев од Радовиш, Александар Чичаковски кој е познат во јавноста како поранешен претседател на ДИК на предлог на СДСМ, а воедно и член на СДСМ, Исмета Амет чија ќерка беше во првите редови на шарената револуција.

За сето ова мора некој да одговара. По 12-ти април следува обнова на Македонија и ќе се стави крај на се што СДСМ работеле спротивно на законот. За се се виновни СДСМ и Заев.