Македонија
14. March 2018 - 13:18

ВМРО-ДПМНЕ демантира средба на Мицкоски со Заев и Џафери

По информациите кои ги објавија домашните медиуми дека денеска во Собранието имало средба помеѓу политичките лидери Зоран Заев и Христијан Мицковски со претседателот на Собранието Талат Џафери, од ВМРО – ДПМНЕ ги демантираат овие наводи.

– ВМРО-ДПМНЕ ги демантира информациите кои излегоа во медиумите дека се одржува средба помеѓу претседателот на партијата г. Христијан Мицкоски, Зоран Заев и Талат Џафери во Собрание на Република Македонија, соопштија од Центарот за комуникации на партијата.