ВМРО-ДПМНЕ: Декласифицирањето на договорите ќе влијае врз потенцијалните странски инвеститори
ВМРО-ДПМНЕ смета дека одлуката на Владата за декласифицирање и објавување на субвенциите што им се даваат на странските компании ќе влијае врз потенцијалните инвеститори и нивните намери да дојдат во државата.
Генералниот секретар на партијата Христијан Мицковски на прес-конференција рече дека ваквата одлука ќе предизвика несигурност и незадоволство кај постоечките инвеститори, ќе ја намали конкуренцијата во однос на другите држави и ќе одврати многу странски компании да инвестираат во Македонија.
- Компаниите кои доаѓаат не посакуваат јавно објавување на нивните договори и приходи по основ на субвенции, а тоа не и одговара ни на државата. Прво затоа што се откриваат позициите пред другите земји конкуренти. А, најчесто еден инвеститор во процесот на одлука „го бркаат“ најмалку 5-6 држави со различни понуди кои најчесто не се објавуваат, бидејќи секој нареден инвеститор ќе бара најмалку иста субвенција од оној кој добил најголема, што не е добро и ја става државата во подредена улога, рече Мицковски.
Тој додаде дека наместо во Македонија, странските компании ќе инвестираат во други држави, а целта на оваа владина мерка е да нема сериозен прилив на странски директни инвестиции. Во таа насока, според Мицковски, е и најавата на Владата за објавување на транспарентен ценовник или тарифник за субвенции.
Ново на Сител
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина