Македонија
8. July 2019 - 16:05

ВМРО-ДПМНЕ: Да се исплати дополнителната субвенција од три денари за земјоделците за која рокот на исплата беше до 30 јуни

Денеска сум во Преспа и Преспанскиот регион на која што одржав средба со јаболко производителите и земјоделците од овој регион. На дискусијата што ја имавме главниот проблем и главниот акцент се стави на неисплатените субвенции кои што ги најавуваше Зоран Заев и Николовски тоа време.

Земјоделците ме информираа дека најавената дополнителна субвенција која што требаше да се исплати до 30-ти јуни се уште не е исплатена. Земјоделците и јаболко производителите апелираат до министерството и до Зоран Заев веднаш и сега да ги исплатат ветените субвенции. Бидејќи земјоделците се наоѓаат во една незавидна ситуација. Немаат основни средства за одржување на постоечките насади, а не пак за егзистенција на своите семејства и своите најблиски.

Апелираат дека оваа ситуација е крајно алармантна затоа што ветените средства не ги добија до кога што требаше. Исто така на овие средби беше упатено дека ако во наредниот период не се исплатат субвенциите кои што ги ветуваа, земјоделците ќе бидат приморани својот револт да го искажат на улиците преку протест. Затоа што веќе се манипулираат повеќе од две години. Во предизборието ветуваа откуп и сигурен пласман на јаболката, ветуваа поголеми откупни цени, ветуваа дека откупувачи ќе се тепаат во овој регион и дека Зоран Заев и Николовски имаат план и визија за Преспанскиот регион.

Две години после тоа катастрофата која што се случуваше во Преспанскиот регион бевме сите сведоци. Преку 40 илјади тони јаболка останаа неоткупени, се фрлија по каналите и по езерото. На повидок е еколошка катастрофа. Затоа на оваа средба апелираат дека веднаш и сега треба да се исплатат дополнителните субвенции од три денари. Рокот беше 30-ти јуни, а денеска сме 8-ми јули, пари на своите сметки немаат.

Исто така сакам да потенцираме дека Зоран Заев, Николовски и новиот министер Димковски дека земјоделците им се на дното на приоритетната листа, или ќе ги решаваат проблемите и ќе работат земјоделците или треба да ги напуштат своите позиции. Затоа што крајно време е да престанат да го уништуваат македонското земјоделство.

ВМРО-ДПМНЕ има визија, план и проекти за подобро македонско земјоделство, за достоинствен македонски земјоделец, затоа што македонските земјоделци тоа го заслужуваат.

Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ