-->
-->
Влезници за Суперкупот ќе можат да се набават само од едно место - Еве од кој датум
-->
На 8. август во Скопје ќе се случи најголемиот спортски спектакл одржан во Македонија, нашата земја ќе биде домаќин на Суперкупот на УЕФА на кој ќе играат Манчестер јунајтед и некој од финалистите во Лигата на шампионите, Јувентус и Реал Мадрид.
Интересот за билети за овој натпревар е огромен, а според информациите на УЕФА за ќе ви биде потребна повеќе среќа отколку брзина. УЕФА потврди дека влезници ќе можат да се набават само преку официјалниот сајт на Европската фудбалска федерација и ниту еден друг.
Процедурата за набавка ќе биде иста како и за финалињата од Лигата на шампионите и Лига Европа.
За билет ќе треба да се аплицира на линкот „https://supercup.tickets.uefa.com/lottery/welcome_en.html“ кој засега не е активен.
Аплицирањето ќе се врши во термин од 13 јуни до 4 јули кој УЕФА дополнително ќе го определи, а самата апликација не значи дека сте купиле билет. Откако ќе заврши рокот, УЕФА преку мејл ќе ги извести добитниците на билети а потоа ќе се врши плаќањето.
УЕФА наскоро и официјално треба да ги потврди термините за аплицирање и цените на билетите кои неофицијално ќе бидат од 15 до 50 евра.
Се уште не е познато колку билети ќе бидат пуштени во продажба со оглед на тоа дека двата клуба ќе добијат по околу 5.000 влезници за своите фанови, а дел од картите ќе бидат наменети и за ФФМ, спонзорите и партнерите на УЕФА Суперкупот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок