Loading Video...
Свет
12. July 2020 - 16:42

Влез во Грција преку Бугарија само со негативен PCR тест направен 72 часа пред патувањето

Туристите кои во Грција ќе влегуваат преку граничниот премин со Бугарија, Промахонас, ќе мора да имаат потврда на англиски јазик за негативен PCR тест за Ковид направен 72 часа пред патувањето. Влезот ќе биде дозволен само за државјани од листата земји кои грчките власти ја објавија пред две недели, а на која не се наоѓа Македонија. Патниците кои ќе влегуваат преку копно или со авион ќе мора да го пополнат и специјалниот образец најдоцна еден ден пред патувањето. Новиве одредби на грчката влада стапуваат во сила во среда, 15-ти јули, а ќе важат до 29 јули.

Протестите пред Собранието во Белград вчера поминааа мирно и без инциденти. Мирно беше и во другите градови, каде илјадници граѓани излегоа на улиците во знак на протест поради политиките на Владата и справувањето со Ковид кризата. Во Ниш полицијата ги спречила демонстрантите да го блокираат автопатот, но инцидентот поминал мирно.

Во меѓувреме епидемиологот Кон од кризниот штаб не ја исклучи можноста од воведување вонредна состојба и повика да се избегнуваат големи собири поради пораст на бројот на случаи заболени од корона вирусот.

Американскиот претседател Доналд Трамп за првпат е виден во јавноста со заштитна маска за време на посетата на воена болница во Вашингтон.

Во меѓувреме во САД е забележан нов дневен рекорд од 66 000 случаи заболени од корона. Вкупно број на болни во Сојузните држави изнесува над 3 милиони, со што оваа земја е најпогодена од пандемијата во светски размери.