Живот
13. October 2016 - 15:06

Влегол во кујната и затекнал борба на два големи питона поради женка!

 

Човек од Бризбејн во својата кујна затекнал борба на два огромни питони.

Снимката која ја направил покажува невројатна караница на двата влекачи. Тој вели дека на едниот од нив му дозволил да се вдоми на таванот, за да ги брка штетниците и дека не го изненадила глетката која ја снимил.

- Мене тоа не ме загрижува. Питоните се безопасни и корисни во бркањето на штетници, а покрај тоа ги одбиваат и отровните змии кои ги имам видено околу куќа, вели тој.

Тој претпоставува дека овие змии се „степале“ поради женка која веројатно е во близина.

Погледнете го видеото: