Македонија
22. January 2017 - 14:17

Влегле со пиштоли и пушки во обложувалница во Скопје

Околу 18 часот вчера на булеварот „.Никола Карев“, поточно во спортска обложувалница „Златна Копачка“ две непознати маскирани лица, од кои едното вооружено со автоматска пушка, а другото со пиштол, извршиле разбојништво, при што од вработената одзеле засега неутврден паричен износ.

Се преземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.