Македонија
26. November 2022 - 21:16

Владимиров: Лидерот на Преродба, Костадин Костадинов дојде во Скопје да провоцира

Срамно е однесувањето на Костадинов во Скопје, оценуваат  бугарските аналитичари. Особено ако се земе предвид дека тој на отворањето на новите простории на културниот центар беше во функција на претседател на собраниска комисија за политиките на Бугарите во странство. Сепак за бугарската јавност провокациите на Костадинов не се ништо ново, бидејќи се работи за политичар кој својата кариера ја гради врз радикални ставови.

Слично е и со историско-образовната комисија каде Бугарија ја застапуваат луѓе заглавени во минатото. Тоа го покажа последниот состанок на кој немаше договор за Охридската архиепископија, за која Бугарите тврдат дека е нивна.

Чекор напред во односите сепак е промовирањето на културната соработка меѓу двете земји, за разлика од формирање разни клубови со провокативни имиња со цел да создаде раздор и тензии.