Македонија
11. April 2018 - 16:35

Владиката Петар: Ме задржаа по грешка на аеродром, после ми се извинија

Владиката преспанско-пелагонсиски Петар беше задржан на скопскиот аеродром по барање на финансиска полиција, објави „Фокус“ повикувајќи се на добро упатени извори.

Владиката Петар попладнево тргнал на пат за Австралија каде што од страна на полицијата е приведен и однесен на информативен разговор.

Тој за „Фокус“ потврди дека бил задржан на скопскиот аеродром од финансиска полиција, но дека била направена некаква грешка во процедурата.

„Ме задржаа на аеродром, но беше направена грешка. Кога луѓето сфатија што направиле, ми се извинија и јас сега патувам – додаде владиката.