Македонија
9. February 2019 - 16:03

Владата во Службен весник ќе објави кога новото име ќе стапи во сила

Владата деновиве во Службен весник ќе треба да го објави датумот кога во сила ќе влезе новото уставно име Република Северна Македонија, како и уставните измени направени согласно Спогодбата од Преспа. Откако грчкиот парламент синоќа го ратификуваше протколот за членство во НАТО, од Министерството за надворешни работи, информираат дека Атина и Скопје преку заедничко писмо ќе СЕ обратат до генералниот секретар на Обединетите нации Гутереш дека во сила е Конечната спогодба за решвање на деценискиот спор.

 „По ова, Република Северна Македонија на соодветен начин ги информира: Секретаријатот на ООН, земјите-членки, земјите набљудувачи на ООН, како и сите останите меѓународни организации чија членка е, за настанатите промени. Сето ова се очекува да се случи во следните неколку дена“, велат од министерството за надворешни работи.

Со тоа всушност стартува внатрешната употреба на името Република Северна Македонија.

 Но, Владата веќе посредно го употреби новото име. Во Службен весник од 5 февруари објавена е одлука на Владата на Република Македонија за отворање на конзулат на Република Северна Македонија во Солун, како и амбасада на Република Северна Македонија во Атина.

Новото име прво ќе биде испишано на таблите по дипломатско конзуларните преставништва, како и на граничните премини при влез и излез во државата.

„На државните институции наскоро ќе бидат поставени нови табли согласно догворот од Преспа. Тие освен на македонски, ќе бидат испишаи и на лабански јазик. Подготовката за нив, Владата веќе ја почна со одлука минатата недела“.

За да се добие извод, лична карта или пасош со Репубика Северна Македонија ќе треба да се почека на нови јавни набавки за печатење на документите со новото име. Сите граѓани ќе треба да ги сменат личните документи во рок од пет години.

Согласно  Договорот националните институции кои носат предзнак македонски, ќе треба да ја избришат додавката и да стават „на Република Северна Македонија“. Се уште се бара решение за Македонската академија на науките и уметностите бидејки од таму најавија дека не сакаат да го додадат новото име. Решението кое се споменува е наместо „македонска“ (МАНУ) да се користи национална (НАНУ).

Колку ќе чини целиот процес од Владата не откриваат. Велат тоа ќе се знае откако ќе заврши целата постапка.