Владата утре во Тетово ќе ја одржи 165. седница, најавени министерски теренски активности
Владата на Република Северна Македонија утре во Тетово ќе ја одржи 165.седница. Во рамки на одржувањето на седницата, соопшти владината прес-служба, ќе има и министерски теренски активности.
Министрите за транспорт и врски и за економија, Горан Сугарески и Крешник Бектеши, и директорите на Јавното претпријатие за државни патишта и на ЈП Македонија пат, Зоран Китанов и Беким Мемеди ќе направат увид во реконструкцијата на транзитот низ Тетово, регионалниот пат Тетово – Јажинце.
Министерот Бектеши ќе ја посети компанијата „Федер Бау“ во Индустриската зона Тетово. Државниот секретар на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Нефрус Челику ќе направи увид во градежни работи на системот за наводнување Равен – Речица кај селото Топлица.
Министерот за здравство Венко Филипче ќе го посети Клиничкиот центар во Тетово, а министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска ќе ја посетат пекарата „Ремини“.
Ново на Сител
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО
-
За викендот дожд и грмежи, а на планините снег
-
Над 3000 вработени во културата оставени без плата
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција