Бизнис
16. September 2015 - 16:42

Владата со поддршка за компаниите кои се претставуваат на светски саеми

Милионски зделки реализирани преку саемско претставување. Комапниите од земјоделско – прехранбениот сектор кои ја искористија владината поддршка за присуство на најголемите светски саемски манифестации само во деновите на претставувањето склучиле договори со странски партнери во врендост од над 20 милиони евра.

Се работи за осумдесет компании, најголем дел производеители и преработувачи на овошје и зеленчук и винарии кои во текот на 2013 и 2014 се претставиле на најренопмираните светски саеми.

„Оваа поддршка Владата ја финансира со околу 1,5 милиони евра и таа дава навистина позитивни резултати, особено ако се земат во предвид зделките кои компаниите ги склучиле за време на саемите во вредност од над 20 милиони евра“, вели портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Владината поддршка за меѓународно претствување на компаниите продолжува и годинава. Досега 40 компании се претставиле на саемски манифестации и промотивни настани како што се саемот во Берил, Варшава и Москва.

До крајот на годината Владата ќе ги покрие трошоците за уште неколку вакви настани.

-Тоа е навистина добра мотивација и за останатите компании кои имаат реален извозен потенцијал, да земат учество во ваквите активности. Тоа може да го направат со едноставно пријавување во Министерството за земјоделство. Следните саеми ќе бидат во Германија, во Кина. Ќе имаме поголем број на промотивни настани за промоција на македонското вино во Данска, Холандија, Англија, САД. Тоа е добра можност за искористување од страна на домашните компании од областа на земјоделството и преработувачката индустрија, вели Ѓорѓиев

Владината поддршка за меѓународна промоција на комапниите од земјоделксо прехранбениот сектор вклучува 100% покривање на средства за закуп на простор на саемот, изгрдба и опремување на на национален штанд и изработка на промотивни материјали.