Македонија
17. August 2018 - 19:24

Владата се уште не открива колку ќе потроши за кампања

Владата се уште не открива колку пари ќе потроши за кампањата за референдумот.

Иако денеска истече рокот во кој државните институции требаше да го известат министерството за финансии за средствата кои можат да ги пренаменат за кампања, од владата најавуваат дека бројките ќе ги објават по владината седница идната недела.

Од Финансии кусо одговараат дека информациите за референдумот ќе бидат дадени транспарентно и за сите медиуми поеднакво.