Бизнис
12. September 2019 - 16:30

Владата се двоуми дали да го намали ДДВ за возила со најмалку Еуро5-стандард или да субвенционира

Намалување  на ДДВ – то за увоз на моторни возила   или  државни субвенции до 3.000 евра.  Владата сеуште прави анализа која од овие две опции е подобра да се воведе за да  се обнови возниот  парк во земјава, а со тоа да се влијае и на намалување  на загадувањетето. Иако првично се најавуваа субвенции за купување на  автомобили со најмалку еуро 5 стандард сега се разгледува и  варијантата  да се намали ДДВ то  за увоз на моторни  возила од 18 на под 5 проценти.

Во моментов паралелно ги анализираме сите параметри и податоци околу финансиските импликации во врска со оваа мерка, имајќи во предвид дека Буџетот на Република Северна Македонија е ограничен во врска со вакви субвенции. Сметаме дека ваквата мерка би била во интерес на поголема група на граѓани. Мерката која во моментов се разгледува, но сѐ уште не е донесена предвидува ДДВ на моторни возила од 18% на под 5% да се намали во период од 6 до 12 месеци и да започне да се применува од почетокот на следната година., вели во дописот од Влада.

Дел од сопствениците на плацеви за продажба на  половни возила за Сител посочија дека  намалувањето на ДДВ за увоз на нови и на стари коли е подобра варијанта  од државното субвенционирање , но  велат мерката  ќе даде ефекти само ако ДДВ то се намали повеќе. Ако паден од 18 на 15 отсто во тој случај ништо нема да придонесе.

Со предлог ребаланс  на буџетот  за годинава пак  се предвидени и пари за вградување на плински уреди во возилата. За  оваа мерка  ќе бидат издвоени 244 илјади евра.