Македонија
3. February 2023 - 16:39

Владата најавува: Провокатори и негатори нема да бидат пуштени во Македонија

Провокаторите и оние што го негираат македонскиот народи и ги нарушуваат чувствата на Македонците нема да влезат во државата. Премиерот Ковачевски уверува дека институциите нема да дозволат инциденти на утрешното чествување на 151-та годишница од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.. Потврди дека не добиеле никаква потврда од кабинетот на бугарскиот премиер дека официјална државна делегација ќе се поклони пред гробот на Делчев.

Под засилено полициско обезбедување и блокирани улици веќе е ограничено движењето до црквата Св.Спас каде се наоѓа вечното почивалиште на македонскиот великан. Министерот Спасовски апелира чествувањето да биде достоинствено, а институциите ќе го гарантирале редот и безбедноста во државата.

Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого.Тука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме.

И Османи со апел граѓаните да не подлегнуваат на провокации за роденденот на Делчев. Повика да се слави мирно и достоинствено

Смирувачки пораки стигнуваат и од опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ со апел до граѓаните да не подлегнуваат на инциденти и достојно да се оддаде почит на ликот и делото на Гоце Делчев.

Иако безбедносните служби јасно не откриваат дали ќе биде забранет влезот на европратеникот Џабмаски и политичарот  Костадинов, по бројните инциденти и навреди упатени кон Македонија, претседателот Стево Пендаровски веќе доставил листа со 14 лица до МВР, на кои на 4 февруари треба да им биде забранет влез од Бугарија во Македонија.